REGULA Dervendji Method

REGULA · Метод Дервенџи

Политика за приватност

1. Вовед

Оваа Политика за приватност објаснува како ДЕРВЕНЏИ МЕТОД ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст: „ние", „нас" или „нашиот") ги собира, користи, открива и заштитува вашите лични податоци кога ја посетувате нашата веб-страна www.regula.com.mk (во понатамошниот текст: „Веб-страната") или ги користите нашите услуги. Ние сме посветени на заштитата на вашата приватност и на обработката на вашите лични податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, Законот за електронска трговија и другите применливи прописи.

Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа Политика за приватност за да разберете како постапуваме со вашите лични податоци. Со користење на нашата Веб-страна и услуги, вие се согласувате со условите на оваа Политика за приватност.

2. Контролор на податоци и контакт податоци

Контролор на вашите лични податоци е:

  • Име/Назив: Друштво за услуги ДЕРВЕНЏИ МЕТОД ДООЕЛ Скопје
  • Седиште/Адреса: Бул. Кочо Рацин бр.26/16
  • Електронска пошта: olga.dervendji@gmail.com
  • Телефон: +389 71 2425228
  • Веб-страна: www.regula.com.mk
  • ЕМБС: 7926340
  • Даночен број: 4080026638320

Офицер за заштита на лични податоци (ОЗЛП):

  • Име и презиме: Олга Дервенџи
  • Електронска пошта: olga.dervendji@gmail.com
  • Телефон: +389 71 2425228

3. Видови на лични податоци кои ги собираме

Ние собираме различни видови на лични податоци од вас, во зависност од начинот на кој комуницирате со нашата Веб-страна и услуги. Овие податоци може да вклучуваат:

  • Идентификациони и контакт податоци: Име, презиме, корисничко име, адреса на е-пошта, поштенска адреса, телефонски број.
  • Податоци за нарачки/купувања: Детали за производите или услугите што сте ги нарачале или купиле.
  • Податоци за користење: Информации за тоа како ја користите нашата Веб-страна, вклучувајќи ги страниците што ги посетувате, времето поминато на тие страници, кликови, датуми и времиња на пристап.
  • Податоци за комуникација: Содржина на комуникација кога не контактирате преку е-пошта, контакт форми или други канали.
  • Податоци за маркетинг и комуникација: Вашите преференции за примање маркетинг и за комуникација.

Посебни категории на лични податоци: Ние не собираме посебни категории на лични податоци, освен ако тоа не е изрично побарано од вас и со ваша изречна согласност, или доколку е законски дозволено или задолжително.

4. Цели и правна основа за обработка на лични податоци

Вашите лични податоци ги обработуваме за следниве цели и врз основа на следниве правни основи:

  • За обезбедување и одржување на услугите: Извршување на договор.
  • За обработка на нарачки и испорака на производи/услуги: Извршување на договор.
  • За корисничка поддршка и одговарање на прашања: Легитимен интерес или извршување на договор.
  • За персонализација на корисничкото искуство: Ваша согласност или легитимен интерес.
  • За маркетинг и промотивни активности: Ваша изречна согласност.
  • За анализа на користењето на Веб-страната: Легитимен интерес.
  • За спречување измами и обезбедување безбедност: Легитимен интерес и законска обврска.
  • За исполнување на законски и регулаторни обврски: Исполнување на законска обврска.

Доколку обработката се врши врз основа на ваша согласност, имате право да ја повлечете согласноста во секое време.

5. Споделување на лични податоци

Вашите лични податоци може да ги споделиме со следниве категории на приматели:

  • Даватели на услуги: хостинг, платежни услуги, аналитика, сметководство, маркетинг агенции.
  • Деловни партнери: доколку е потребно за извршување на договор или со ваша согласност.
  • Јавни органи: кога е законски задолжително или неопходно за заштита на нашите права.

6. Меѓународен пренос на податоци

Вашите лични податоци може да бидат пренесени и складирани надвор од Република Северна Македонија. Во такви случаи, преземаме соодветни мерки за заштита на исто ниво како во РСМ, вклучувајќи стандардни договорни клаузули, пренос во земји со соодветно ниво на заштита и обврзувачки корпоративни правила.

7. Рок на чување на лични податоци

Личните податоци ги чуваме само онолку долго колку што е потребно за целите за кои се собрани, вклучувајќи законски, сметководствени и барања за известувања.

  • Податоци за нарачки: 10 години поради законски обврски.
  • Податоци за корисничка сметка: додека сметката е активна и одреден период потоа.
  • Маркетинг согласност: додека не ја повлечете согласноста.

8. Вашите права како субјект на лични податоци

  • Право на пристап до вашите лични податоци и информации за обработката.
  • Право на исправка на неточни или нецелосни податоци во рок од 15 дена.
  • Право на бришење („право да се биде заборавен") во рок од 30 дена.
  • Право на ограничување на обработката во одредени ситуации.
  • Право на преносливост во структуриран, машински читлив формат.
  • Право на приговор, особено за директен маркетинг.
  • Право да не бидете предмет на одлука заснована исклучиво на автоматизирана обработка.

Ние ќе одговориме на вашето барање во рок од еден месец, со можност за продолжување за уште два месеци во зависност од сложеноста.

9. Безбедност на податоците

Применуваме соодветни технички и организациски мерки, вклучувајќи:

  • SSL енкрипција (HTTPS) за заштита на податоците при пренос
  • Контрола на пристап со кориснички улоги и лозинки
  • Ограничен пристап до базата на податоци и серверот
  • Редовни ажурирања на софтверот
  • Заштитен ѕид (firewall), monitoring и malware protection
  • Редовни backup-и со offsite backup на секои три месеци

Во случај на повреда на безбедноста, во рок од 72 часа ќе ја известиме Агенцијата за заштита на личните податоци, а при висок ризик и вас лично.

10. Колачиња (cookies) и слични технологии

Веб-страната користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство:

  • Неопходни колачиња — клучни за функционирање на Веб-страната.
  • Функционални колачиња — за персонализација и преференции.
  • Аналитички колачиња — на пр. Google Analytics.
  • Маркетинг колачиња — на пр. Meta Pixel.

Може да ги прифатите, одбиете или прилагодите колачињата преку cookie banner при првата посета или преку поставките на вашиот прелистувач.

11. Право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци

  • Адреса: бул. Гоце Делчев бр. 18 (зградата на МРТВ – 14 кат)
  • Веб-страна: www.azlp.mk
  • Е-пошта: info@privacy.mk
  • Телефон: +389 (2) 3230 635; +389 (2) 3230 617; +389 (2) 3230 790; +389 (2) 3230 413

12. Промени во Политиката за приватност

Оваа Политика може да биде ажурирана од време на време. Сите промени ќе бидат објавени на оваа страница со ажуриран датум.

13. Контакт

  • Електронска пошта: olga.dervendji@gmail.com
  • Телефон: +389 71 2425228
  • Поштенска адреса: Бул. Кочо Рацин бр.26/16